Холивудскиот актер Расел Кроу открил дека одбил неверојатна понуда да се појави во првиот филм од серијалот „Господар на прстените“. Кроу изјавил дека му било понудено 10% од профитот од филмот, наместо однапред платениот износ за улогата на Арагорн во филмот The Fellowship of the Ring, од 2001 година.
Во интервјуто Кроу објаснил дека не ја прифатил улогата, затоа што сметал дека режисерот Питер Џексон, не го сакал во филмот.
„Мислам дека беше присилен да разговара со мене од студиото, затоа што тоа беа моменти кога мене ме сакаа во секој филм“, изјавил Кроу.
Филмот заработи повеќе од 870 милиони долари, а Кроу веројатно, ако ја прифател улогата ќе заработел 100 милиони долари.