Речиси бев мртов, се присети Џорџ Клуни на сообраќајната несреќа

Холивудскиот актер Џорџ Клуни неодамна се потсети на еден од најтешките моменти во својот живот кога беше тешко повреден.

Тој во јуни 2018 година имаше сообраќајна несреќа од која едвај спасил жива глава. Актерот завршил во болница кога автомобил удрил во неговиот мотоцикл. Како што изјавил Клуни за „Сандеј тајмс“, сето тоа се случило на Сардинија, каде што го снимал Catch 22. Најмрачните мисли му се вртеле во главата во тие моменти.

„Само чекав да се изгаснат светлата. Сега сум добро“, рекол актерот.

Она што му пречело е што околу него во тој момент се собрале многубројни луѓе што го снимале и фотографирале додека лежел повреден.

„Ако сте јавна личност, она што го сфаќате додека лежите на земјата и мислите дека ова се последните минути од вашиот живот е дека за некои луѓе секогаш ќе бидете забавни за нивниот ‘Фејсбук’. Јас сум позитивен лик, но од тоа извлеков заклучок дека сум само забавен за нив. Сакате да го фатите секој од нив и да ги истресете,“ рекол Клуни.

Scroll to Top