Реге-Жан Пејџ ја напушти серијата „Бриџертон“ и се подготвува за новата улога на Џејмс Бонд

Британскиот актер Реге-Жан Пејџ е главниот фаворит за улогата на тајниот агент 007, Џејмс Бонд. Неговите фанови беа изненадени откако тој го напушти снимањето на серијата „Бриџертон“, па сега британските медиуми пишуваат дека се подготвува за новата улога.

Актерот вели дека е поласкан затоа што е еден од кандидатите за улогата. Според обложувалниците тој ги престигна Том Харди и Џејмс Нортон и стана главниот фаворит.

Неговата мајка е родена во Зимбабве и работела како медицинска сестра, додека татко му е Англичанец и бил земјоделец. Тие го испратиле Реге во академијата за глума во Лондон, каде тој ја започнал кариерата. И самиот се огласи околу можноста да ја добие новата улога.

„Мислам дека кога си Британец и ќе направиш нешто што се смета за вредно, луѓето тоа ќе го забележат и ќе го поврзат со оваа улога. Сметам дека тоа е нормално и поласкан сум што сум во категорија која Британците ја забележале“, изјавил Реге.

Реге доколку ја добие улогата, ќе го замени досегашниот Бонд, Даниел Крег.

Инаку неодамна излезе информација дека Реге нема да се појави во новата сезона од популарната серија „Бриџертон“. Тоа на „Твитер“ го објави Лејди Вистелдаун, а тоа го потврди и актерот.

„Беше апсолутно задоволство и привилегија да бидам ваш војвода. Со придржување кон ова семејство, не само на екранот, туку и надвор од него, нашата неверојатно креативна и извонредна глумачка екипа, продукција, извонредни обожаватели, сето тоа го надмина сето она што можеве да го замислиме. Љубовта е реална и само ќе расте“, напишал Реге-Жан.

Scroll to Top