Рејчел Вајс ќе ја глуми Елизабет Тејлор во биографски филм

Британската глумица Рејчел Вајс, која публиката ја запозна по улогата во филмовите „Мумија“, ќе ја глуми Елизабет Тејлор во новиот филм за холивудската легенда. Филмот ќе почне да се снима наскоро, под наслов „Посебна врска“, а ќе раскажува за животот на глумицата и нејзиното пријателство со Роџер Вал, хомосексуалец и нејзин долгогодишен асистент, но и за нивните акции за подигнување на свеста за СИДА-та во 1980те години.

Автор на филмот е Сајмон Бофој, кој освои оскар за „Милионер од гетото“. Тој на биографијата за Тејлор работи веќе неколку месеци, интервјуира нејзини познаници, соработници, членови на семејство и пријатели.

„Во центарот на филмот е приказната за пријателството, славењето на таквиот однос и како и колку тој може да го смени човекот и неговите погледи на светот“, вели режисерот.

 

Scroll to Top