Рецензиите за „Куќата Гучи“ се конфликтни, ама сите се согласуваат дека Лејди Гага е одлична

Конечно, излегоа и рецензиите за „Куќата Гучи“ и тие се конфликтни како и самото семејство Гучи. Сепак, едно нешто за кое повеќето критичари се согласуваат е дека изведбата на Лејди Гага е одлична.

Во режија на Ридли Скот, „Куќата Гучи“ е биографска криминална драма за Патриција Реџијани (Лејди Гага), нејзиниот поранешен сопруг Маврицио Гучи (Адам Драјвер) и семејството што стои зад луксузната модна куќа „Гучи“. Но, пред сѐ, убиството од многу висок профил.

Трејлерите на филмот можеби ќе натераат некого да очекува високо драматичен и префинет филм, но реалноста се чини дека е малку поумерена. Рецензентите забележаа дека „Куќата Гучи“ никогаш не се наметнува да биде неоправдано гламурозна, но исто така не дозволува да биде целосно приземјена и сериозна. Многумина исто така се согласија дека филмот забележително се одолжува во втората половина, а Скот Менделсон од „Форбс“ ја нарече последната третина „епилог што трае 45 минути“.

Сепак, изведбата на Гага е пофалена како магнетна и на некој начин спасоносната благодат на „Куќата Гучи“. И додека ѕвездената актерска екипа, вклучувајќи ги Драјвер, Џаред Лето, Ал Пачино и Џереми Ајронс (и помала улога на Салма Хаек), понекогаш може да се чувствува како сите да глумат во разни филмови, спектаклот на сите што уживаат во нивните големи изведби е доволен барем да ја направи „Куќата Гучи“ забавна. Од вчера филмот се прикажува и во „Синеплекс“.

Scroll to Top