Режисерот на „Боемска рапсодија“, Брајан Сингер (53), наводно е обвинет за четири нови случаи на сексуално вознемирување на малолетник, пренесува „Варајети“.
Една од жртвите, Виктор Валдовинос, имал наводно 13 години кога Сингер го злоупотребил. Според обвиненијата, Сингер го допирал по гениталиите за време на снимањето на филмот Apt Pupil, каде што Виктор се појавил како статист.
Останатите три жртви не сакале да бидат јавно именувани. Двајца мажи се претставиле под псевдонимите Ерик и Енди, а тврдат дека имале помалку од 18 години кога режисерот ги злоупотребил.
Четвртиот маж се претставил под псевдонимот Бен и изјавил дека бил принуден на орален секс со Сингер кога имал 17 и 18 години.
Адвокатот на Сингер, Ендру Бретлер, ги демантирал обвинувањата наведувајќи дека неговиот клиент никогаш во животот не бил апсен ниту, пак, обвинет за вакво злосторство.
Тој категорички ги отфрлил сите обвинувања за тоа дека Сингер имал сексуален однос со малолетник. За потсетување Сингер добил отказ две недели пред крајот на снимањето на „Боемска рапсодија“, и цело време негираше дека направил нешто лошо и незаконско.
Неодамна беше објавено дека добил понуда да го режира римејк филмот „Ред Соња“, од осумдесеттите години. За злоупотреба на малолетник Сингер веќе беше обвинет во 2015 година во два наврати, а овие случаеви и понатаму немаат правна завршница.