Режисерот на „Боемска рапсодија“ се заблагодари на „Инстаграм“ оти никој не го спомна на „Златните глобуси“

Режисерот Брајан Сингер, кој доби отказ при крајот на снимањето на филмот „Боемска рапсодија“, а сепак според правилата на Холивуд е запишан како режисер на филмот, се заблагодари на социјалните мрежи, откако никој не го спомна на доделувањето на наградите „Златен глобус“. Сингер не само што не беше во салата туку беше целосно игнориран кога се примаа наградите. „Каква чест! Ви благодарам“, напиша Сингер потоа на „Инстаграм“ и објави слика од сетот.

„Боемска рапсодија“ беше прогласен за најдобар филм/драма, а Рами Малек, кој го глумеше Фреди Меркјури, беше избран за најдобар актер, но никој не го спомна името на режисерот во своите говори. Сингер беше отпуштен пред да заврши снимањето и на негово место дојде Декстер Флечер. Иако официјалната верзија е дека е отпуштен оти не доаѓал на снимање, американските медиуми пишуваа за конфликтот меѓу него со Малек. Сингер претходно се соочи со неколку обвинувања за сексуален напад, што вклучуваше и малолетници.

 

 

Scroll to Top