Ријана, Ким и Кара сакаат да ослободат девојче осудено за убиство

Ријана, Кара Делавињ и Ким Кардашијан започнаа кампања за ослободување на Синтија Браун, осудена за убиство.  Тие во само еден ден собрале 186 илјади потписи, со цел да го убедат судот да ја разгледа и преиначи пресудата со која Синтија е осудена на доживотен затвор. Таа во 2004 година, на 16-годишна возраст, го убила своето момче кое ја принудувало на проституција.

Судот во Тенеси ја осудил како проститутка што убила клиент, а познатите жени се обидуваат да докажат дека таа била девојче што пукало за да се спаси од проституцијата. Според законот на државата Тенеси, таа ќе може да побара ревидирање на казната дури откако ќе помине 50 години во затвор, а тогаш веќе ќе биде старица од 67 години.

 

Scroll to Top