Поп-ѕвездата Ријана во моментот работи на два албума, пишува магазинот „Ролинг стоун“. Од таму откриваат дека едниот албум е во реге-стил оти пејачката потекнува од Барбадос и дека за него се веќе готови осум песни. Вториот албум е поп и тој е во почетна фаза. На Ријана ѝ се понудени 500 песни, а таа ќе ги избира заедно со својот продуцент.
Ријана веќе подолго време нема снимено ништо ново. Таа во моментот ја промовира својата колекцијата шминки, а во кината во светот се прикажува филлмот „Осумте на Оушн“, каде што има една од главните улоги.