Рики Мартин на суд, го тужи менаџерката

Ребека Дракер, поранешната менаџерка на Рики Мартин, тврди дека пејачот ѝ должи околу милион долари поради што поднела тужба.

Во правните документи таа навела дека го застапувала пејачот од 2014 до 2018 година, а тој повторно ја вработил по две години кога неговиот личен и професионален живот биле во тотален хаос. Ребека тврди дека таа е одговорна за враќање на неговиот живот и кариера на вистинскиот пат.

Таа тврди дека ги намирила договорите на пејачот поврзани со снимање песни, турнеи и договорила спонзорства и му помогнала да заработи милиони долари на неговата неодамнешна северноамериканска турнеја со Енрике Иглесијас.

Дракер додава дека во 2020 година ангажирала адвокати што му помагнала кога му се заканувал прекин на кариерата, а за својата работа, како што тврдела, требало да добие провизија во износ од три милиони долари, која Мартин никогаш не ѝ ја дал. Таа тврди дека пејачот ја лажел и манипулирал со неа. Сега Дракер го тужи пејачот за три милиони долари и бара судска отштета.

Scroll to Top