Рис Витерспун и Рајан Филипе со години се скарани, ама за 18. роденден на синот дојдоа заедно

Актерите Рис Витерспун и Рајан Филипе, заедно го прославија 18. роденден на нивниот син Дикон. Тие беа во брак од 1999 до 2007 година, но по разводот не се во добри односи. Според американските медиуми Рис и Рајан не разговараат со години.

Дека биле заедно откри Дикон, кој на Инстаграм објави фотка со двајцата родители.

И Рис и Рајан споделија фотографии од својот син и јавно му честитаа роденден.

„Среќен 18. роденден на мојот прекрасен, паметен, талентиран и грижлив син“, напиша Рајан.

„Како се случи ова? Еден ден тој менуваше Покемон-карти, пееше песни на Бруно Марс и играше ‘Американски нинџа-воин во дворот, а следниот ден е повисок од мене, готви стекови на скара и прави своја музика со најдобрите пријатели. Срцето ми пука од гордост за овој млад човек. Среќен 18. роденден, Дикон! Те сакам до Месечината околу Сонцето и сите ѕвезди“, напиша Рис.

Освен Дикон, Рис и Рајан ја имаат и ќерката Ава (22).

Scroll to Top