Рис Витерспун ќе глуми и ќе ги режира романтичните комедии „Кај тебе или кај мене“ и „Кактус“, што ќе се снимаат за Нетфликс. Правата за снимање на филмовите Рис ги добила преку својата компанија „Хелоу саншајн“.
Првата комедија „Кај тебе или кај мене“ е приказна за две поранешни најдобри пријателки, кои се оддалечиле една од друга кога едната ќе одлучи да го следи животниот сон, а другата волонтира за да внимава на синот на пријателот, кој е тинејџер. Филмот е заснован на оригиналното сценарио на Алин Брош Мекен.
„Кактус“ се заснова на истоимениот бестселер на Сара Хејвуд. Фокусиран е на неочекуваната бременост на жена на 45-годишна возраст, поради што таа го преиспитува животот што го живеела дотогаш. Потоа тргнува на неконвенционално патување кон љубовта и семејството и учи да го прифати неочекуваното.
Инаку, Витерспун, која во последно време снима драми, е најпозната по улогите во романтичните комедии, меѓу кои „Убавицата од Харвард“, „Машка војна“, „Мојата Алабама“ и други.