„Ноќта на вештерките“ е време за маскирање, а ѕвездите како да се натпреваруваат меѓу себе кој ќе се појави со пооригинална и покреативна маска. Сепак, тоа не е случај со пејачката Рита Ора.
На забава во Лондон таа дојде маскирана како Отровната Ајви, а медиумите веднаш направија споредба помеѓу неа и Ким Кардашјан, која ја имаше истата маска во 2011 година.
Мислењата на јавноста се поделени – некои сметаат дека Ким изгледа подобро од Рита, но многумина коментираа дека Рита подобро го доловила ликот на Отровната Ајви.