Британската пејачка Рита Ора го помина изминатиот викенд патувајќи во авиони и престојувајќи на аеродроми бидејќи таа и нејзиниот сопруг Таика Ваитити „го обиколија светот за 24 часа“, како што рече. Причината беше роденденот на нејзиниот сопруг, а Рита на Инстаграм ги сподели различните модни комбинации што ги избра за тој викенд.
Една фотографија особено го привлече вниманието на нејзините обожаватели. На неа Рита позираше во црвена чипкаста долна облека, под која носеше црни гаќички. Така таа прошета низ аеродромот по настапот во Романија и помина низ обезбедувањето пред да се качи во приватен авион и да отпатува со нејзиниот сопруг. Парот уживаше во концертот, а на една фотографија се бакнуваа.
Рита неодамна го откажа концертот во Унгарија само неколку часа пред почетокот на шоуто. Пејачката претходната ноќ ја помина во болница во Будимпешта, а сето тоа го објави на социјалните мрежи.
„Ве молам, простете го овој неочекуван пресврт на настаните, но за жал нема да можам да настапам на фестивалот „Кампус“ вечерва. Откако ја поминав ноќта во болницата во Будимпешта, треба да се одморам и да ги следам упатствата на лекарот“, напиша Рита Ора на Инстаграм.
Фановите и посакаа брзо закрепнување.