Рита Ора со 15 години постариот сопруг уживаат на луксузна јахта во близна на Шпанија

Пејачката Рита Ора и нејзиниот сопруг Таика Ваитити се на одмор во близина на шпанскиот остров Форментера.

Парот прво уживал на луксузна јахта, а потоа фотографите ги фотографирале како пливаат во морето. Со нив на јахтата биле и неколку пријатели.

Режисерот од Нов Зеланд денес го прослави 48. роденден.

За потсетување, Рита и Таика се запознаа во 2018 година, а почнаа да се забавуваат во 2021 година, кога беа на снимање во Австралија. Тие се венчаа минатата година во Лос Анџелес, а славната пејачка неодамна објави први фотографии од венчавката.

Пејачката со косовско потекло претходно излегуваше со познати личности како Бруно Марс, АСАП Роки и Ендрју Гарфилд, додека режисерот со маорско-еврејско потекло беше во брак со продуцентката Челзи Винстанли од 2011 до 2018 година. Со неа тој има две ќерки, Матева Киритапа и Те Некоикаха.

Scroll to Top