Роб Лоу го исмеа принцот Вилијам поради губењето на косата

Актерот Роб Лоу го исмеа принцот Вилијам поради губењето на косата, пишува „Дејли мејл“. Во едно од своите последни интервјуа тој вели дека никогаш не би се довел до таква ситуација.

„Со години пијам таблети кои ја прават машката коса погуста, поцврста и го намалуваат опаѓањето на влакната“, изјавил Лоу.

Принцот Вилијам проблемот со косата го има уште од пред десет години. Тој претходно имаше бујна фризура и шармантен изглед. Со возраста и стресот косата почнала полека да паѓа.

 

„Може ли да зборуваме малку за Вилијам? Вашиот иден крал си дозволи да ја изгуби косата. Па, тој ќе биде крал на Англија“, дополнил Лоу.

Изгледот на Вилијам почна да се менува со влегувањето на Кејт Мидлтон (37) во неговиот живот.

Scroll to Top