Роберт де Ниро го навредуваше Доналд Трамп во Кан: Типот е глуп, само се замислува дека е паметен

Американскиот глумец Роберт Де Ниро на филмскиот фестивал во Кан зборуваше за неовата улога како негативец во филмот Killers of the Flower Moon и истовремено го критикуваше и бившиот американски претседател Доналд Трамп.

Де Ниро во филмот го глуми сточарот и убиец Вилијам Хал, кој се спријатува со луѓето од Осаж во периодот на дваесеттите години од минатиот век, а потоа наредува да бидат убиени за да им ја украде земјата која е богата со нафта.

„Не разбирам како можеше да ги изневери. Но, по убиството на Џорџ Флојд, станавме свесни колку е опасен расизмот. Тоа е баланост на злото и тоа е нешто на кое мораме да внимаваме. Сите знаеме за кого зборувам, нема да го кажам неговото име“, рече Де Ниро.

Но, по неколку моменти се предомисли и го спомна поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

„Тој човек е глупав. Само мисли дека е паметен. Дури и Хејл беше паметен на многу начини“, рече Де Ниро, додека Лили Гладстон, која ја игра една од членовите во Осаж, Моли Буркхарт, рече дека членови од племето присуствувале на погребот на Вилијам Хејл, негирајќи ја неговата вмешаност во бруталните убиства. Де Ниро потоа повторно почна да го навредува Трамп.

„Истата ситуација како и со Трамп. Има луѓе кои мислат дека може да заврши добра работа. Замислете колку е тоа лудо“, рече Де ниро.

За потсетување, филмот Killers of the Flower Moon го режираше Мартин Скорсезе. Сценариото го напиша заедно со Ерик Рот, а се базира на истоимената книга од 2017 година на Дејвид Гран. Killers of the Flower Moon ќе се појави во кината на 20 октомври, а подоцна ќе се појави на стриминг платформата на Apple.

Scroll to Top