Роберт де Ниро се разведува по повеќе од 20 години брак, пишува Page Six. Извор близок до актерот тврди дека Де Ниро повеќе не живее со својата 63 годишна сопруга Грејс Хајтауер.
Прекинот на врската се очекува Де Ниро јавно и службено да го обелодени во наредните неколку денови. Роберт и Грејс се веначале во 1997 година, а ова не е нивен прв прекин кој го имале во бракот.
По само две години брак, актерот претходно побарал развод, но никогаш финализирал. Во 2004 година, двајцата ги обновиле брачните завети. Имаа две деца, 20 годишниот Елиот и шестгодишната Хелен.
Актерот за својата сопруга ретко говори во јавноста, но во едно интервју кое го имал во 2013 година, го открил својот рецепт за среќен брак.
„Бракот вклучува многу давања и многу примања, но и државни сопствени принципи затоа што така се зачувува почитта која сте ја имале на почетокот“, изјавил Де Ниро во интервјуто.
Де Ниро од 1976 година до 1988 година бил во брак со актерката Дајен Абот , со која го има синот Рафаел, а со поранешната девојка Туки Смит, ги има близнаците Џулијан Хенри и Арон Кендрик.