Роберто Кавали ѝ купи замок на 40 години помладата љубовница

Модниот дизајнер Роберто Кавали (81) неодамна ѝ купил мал замок на својата 40 години помлада љубовница, Сандра Нилсен. Замокот од 11 век, изграден во времето на викинзите, се наоѓа во Шведска, на приватен остров. Чини три милиони евра.

Дворецот е реновиран и има четири спални соби, дел за лов, базен, терен за голф, но и остатоци од викиншка тврдина, пишува „Дејли мејл“. Има и приватно пристаниште со траект, кој може да прими 10 луѓе.

Роберто и Сандра се запознале кога дизајнерот се развел од сопругата во 2010 година, а заедно се од 2014 година. Кавали вели дека со неа го нашол својот мир, а дека таа му е муза и вистинска љубов. Сандра почнала да работи во модната индустрија кога имала 14 години, Таа била мис на ЕУ, мис бикини на светот, мис на Хаваи и мис на Шведска и модел на „Плејбој“.

 

Scroll to Top