Роби Вилијамс доби фарма за марихуана

Британскиот пејач Роби Вилијамс од сопругата Ајда Филд добил фарма за марихуана како подарок за годишница од брак. Фармата ќе биде сместена во подрумот од вилата во Лос Анџелес кај што живеат, а таму рекреативната употреба на марихуаната е легална.

Роби е познат по тоа што сака да запали џоинт, за што и отворено зборува. Тој наводно еднаш запалил џоинт и во Бакингемската палата во 2012 година, кога настапувал по повод дијамантскиот јубилеј на кралицата.

Роби и Ајда се во брак од 2010 година и имаат две деца.

 

Scroll to Top