Роби Вилијамс е позитивен на коронавирус

Светскиот пејач Роби Вилијамс е позитивен на Ковид-19, пишуваат британските медиуми. Пејачот во моментот се наоѓа во карантин, пишува „Дејли мејл“.

Тој ќе остане во карантин во следните две недели. Таблоидите во изминатиот период пишуваа дека Роби со сопругата Ајда Филд и нивните четири деца беа на островот Сент Бартелеми, каде што изнајмиле вила, која чини 120.000 евра неделно.

Се претпоставува дека токму тука Вилијамс се заразил од Ковид-19, но неговите претставници за печатот одбија да коментираат на оваа тема.

 

Scroll to Top