Роби Вилијамс го продава дворецот, затоа што син му се плаши да спие во него

Пејачот Роби Вилијамс планира да го продаде својот дворец и да купи нова вила, затоа што неговиот син Теди се плаши да спие во неговата детска соба. Вилијамс планира да купи вила на брегот на Женевското езеро, чија цена е околу 9,3 милиони евра.

Пејачот го купил дворецот пред 13 години, а сега вели дека неговиот син се плаши од собата и дека не сака да живее во таа куќа.

„И мене ми е страв. Ако постои голема тага, болка или трагедија, мислам дека таа може да се впие во ѕидовите и таму да ги остави емоциите многу долго време“, изјавил тој.

Дворецот има писта за хеликоптер, а неговата вредност се проценува на околу 29 милиони евра. Во неа има тениски терени, сауна, базени, домашна теретана, домашно кино. Тој сега вели дека не се чувствува пријатно во него.

„Роби беше во друга фаза од својот живот кога го купи ова место. Се чинеше како идеално засолниште во англиско село, но таму никогаш не се чувствуваше како дома. Сега планира да купи куќа во Швајцарија. Семејството таму се пресели минатото лето и изнајми куќа шест месеци, за да бидат сигурни дека таму сакаат да останат“, изјавил извор близок до пејачот.

 

Scroll to Top