Роби Вилијамс објави божикна песна за Ковид-19

Новата песна на 46-годишниот пејач и текстописец Роби Вилијамс, со наслов Can’t Stop Christmas, се однесува на пандемијата на коронавирусот оваа година.

Во текстот на песната, меѓу другото, се вели: „Каква мизерна година, какво време да се биде жив. За жал, некои пријатели исчезнаа, никогаш порано не било вака, како да сме во војна. Дедо Мраз е на санка, но сега и тој е на два метра растојание. На луѓето ќе им треба нешто во што ќе веруваат по една ваква година. Сепак, ништо нема да го запре Божик, нема шанси“.
Синглот е дел од новиот двоен албум на Роби, The Christmas Present, на кој гостуваат и сер Род Стјуарт, Брајан Адамс, Џејми Калум.

Scroll to Top