Род Стјуарт и неговиот син уапсени за Нова година

Британскиот пејач Род Стјуарт и неговиот син Шон, биле уапсени за Нова година во Палм Бич на Флорида заради тепачка. Полицијата соопшти дека 75-годишниот пејач и неговиот син се степале со обезбедувањето во одморалиштето каде што престојувале и дека му нанеле телесни повреди. Според полицискиот извештај, таткото и синот, без покана се обиделе да влезат на забава, се расправалем направиле сцена и одбиле да се оддалечат од објектот, по што настанала тепачка. Тие се уапсени, но по неколку часа се пуштени од полиција, откако платиле кауција.

 

Scroll to Top