Род Стјуарт поради болест откажа концерт во последен момент

Британскиот пејач Род Стјуарт во последен момент го откажа својот концерт во Австралија. Тој на Инстаграм само неколку часа пред планираниот настап напиша дека не може да пее поради болест.

„Ми рекоа дека имам вирусна инфекција и дека грлото ми е премногу иритирано за да пеам. Јас сум само човек и понекогаш се разболувам исто како вас. Мојата најголема радост е концертот, па правам се што можам за да закрепнам и да се вратам на сцената“, напиша Стјуарт на Инстаграм.

„Се извинувам за разочарувањето и непријатностите предизвикани поради билетите. Дополнително соопштение во врска со аранжманите на концертот ќе биде објавено на почетокот на следната недела“, додадел тој.

Настапот на Стјуарт требаше да се случи како дел од турнејата на музичарот „A Day On The Green“. На концертот требаше да настапат американската пејачка Синди Лаупер и пејачот од Нов Зеланд Џон Стивенс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sir Rod Stewart (@sirrodstewart)

Scroll to Top