Род Стјуарт се јави во емисија во живо и ја критикува британската влада за хаосот во здравствениот систем

Британскиот рок-пејач Род Стјуарт се јави во емисија во живо на „Скај њуз“ за да ја критикува владата. Зборуваше за состојбата во здравствениот систем во земјата и ги повика властите да се повлечат и да им се даде шанса на опозициската Лабуристичка партија.

Стјуарт е познат по хитовите од седумдесетите Maggie May и Do Ya Think I’m Sexy?. Во емисијата зборуваше за кризата во британскиот Национален здравствен сервис NHS.

„Никогаш во животот не било лошо како сега. NHS ја финансира државата и до неодамна беше гордост за Британците. Сега е под притисок не само затоа што не се вложува во него туку и заради последиците од короната. Затоа и медицинските сестри и персоналот се приморани на штрајк“, рече Стјуарт.

Објасни дека му паднало смешно што успеал лесно да закаже скенирање на рендген во приватна клиника која била речиси празна, з во исто време други пациенти умираат затоа што не можат да дојдат на ред.

Се понуди да плати 10 или 20 прегледи за граѓаните и ги поттикна и другите да го следат неговиот пример.

„Не ми треба публицитет. Само сакам да направам добра работа“, рече Стјуарт и испеа стихови од песната Maggie May.

Scroll to Top