Веста за смртта на Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана беше примена со неверувања и растажи милиони низ целиот свет. Коби зад себе ја остави сопругата Ванеса и трите ќерки.
По трагедијата во медиумите се рашири приказната за неговата најголема љубов, неговата сопруга Ванеса. Двајцата се запознале во 1999 година, кога тој имал 21 година, а таа 17 години. Тогаш тој требало да го сними својот прв музички албум. По шест месеци Коби ја побара Венеса за сопруга.
Неговите родители не ја сакале Ванеса за снаа, затоа што таа не е Афроамериканка и не ја одобрувале нивната врска. Плус биле против нивниот син да се ожени млад. Медиумите откриваат дека Ванеса ја пропуштила матурската забава поради врската со Коби.
„Таа беше средношколка кога го засака, но поради Коби, ја пропушти матурската вечер“, вели нејзин близок родинина.
Нивната љубов била толку голема што Коби не сакал да потпише предбрачен договор. Тој изјавил дека бил премногу заљубен во неа и дека премногу ја почитувал за нивната љубов да ја сведе на парче хартија.
Се венчале во април 2001 година. На венчавката не присуствувале родителите, сестрите, ниту, пак, долгогодишниот пријател, советник и агент Арн Телем, а не биле ниту неговите соиграчи од Лос Анџелес лејкерс.
Родителите не комуницирале со Коби две години, сè до моментот додека нему не му се родила првата ќерка Џиџи. Првите проблеми за Коби и Ванеса почнале неколку години по бракот, откако изби скандалот за силување.
Коби беше обвинет од девојка вработена во хотел, каде кошаркарот престојувал, по што тој мораше јавно да се извини за немилиот настан. Коби признал дека имал односи со девојката, но дека не ја силувал.
Тој на прес-конференцијата се појавил со сопругата Ванеса.
„Ти си мојот благослов, моето срце, возухот што го дишам. Ти си најсилната жена која ја познавам и жал ми е што мораш да минуваш низ сето ова“, изјави Коби пред сопругата и новинарите.
Во 2005 година Коби и Ванеса се соочија со тежок период, оти таа имала спонтан абортус. Десет години подоцна, во 2011 година, Ванеса поднесе барање за развод, но брзо потоа го повлече. Кратко потоа им се родија двете ќерки Џијана и Капри. Лани, во јуни, Коби и Ванеса ја добија четвртата ќерка, Бјанка.