Роднина на кралицата Елизабета е осуден за сексуален напад

Грофот од Страмор, Сајмон Баус-Лион (34), кој е роднина на британската кралица Елизабета, е осуден на 10 месеци затвор поради сексуален напад.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, нападот се случил во неговиот замок „Гламис“ во Шкотска. Тој и се извинил на жената која ја нападнал, како и на семејството, пријателите и колегите за тоа што им предизвикал проблеми.

„Таа вечер испив премногу алкохол. Но, тоа никако и никогаш не може да биде оправдување за моето однесување. Не мислев така да се однесувам и сега морам да се соочам со последиците и да преземам одговорност“, изјавил тој за „Мирор“.

За жал, ова не е прв ваков скандал поврзан со кралското семејство. Во 2019 година, во педофилски скандал беше вмешан и синот на кралицата, принцот Ендру, кој беше обвинет дека спиел со малолетнички и дека учествувал во педофилски круг во подведување на малолетнички, кој го организирал сега веќе покојниот Џефри Епштајн.

Scroll to Top