„Ролинг стоунс“ и „Битлси“ заедно снимаат албум

Речиси 60 години откако првпат се сретнаа, членовите на Ролинг Стоунс и двајцата преостанати членови на Битлси, наводно, ќе работат заедно на новиот албум на Стоунс, пишува Variety.

Легендарниот Пол Макартни ги снимал бас-деловите за претстојниот проект на Ролинг Стоунс, кој го раководи добитникот на Греми 2021 за продуцент на годината, Ендрју Ват, пишува магазинот.

Предвидено е и Ринго Стар да свири на албумот кој се најавува.

Тимот веќе започна со снимање на албумот во Лос Анџелес, но не се знае кога песните ќе бидат готови и пуштени во јавноста, ниту дали Мекартни и Стар заедно ќе направат песна. Продукцијата на албумот наскоро ќе се најде во фаза на микс.

Фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, во 2021 година изјави дека снимиле многу песни, додека гитаристот Кит Ричардс за Нова година на социјалните мрежи потврди дека работат на нови работи.

„Нова музика е на пат“, напиша тој во објавата.

Scroll to Top