Роман Абрамович на поранешната сопруга ѝ подари вила вредна 63 милиони евра

Рускиот милијардер Роман Абрамович на поранешната сопруга ѝ препиша три куќи во вредност од 63 милиони евра. Па додал уште една за 14 милиони евра, а потоа е одлучено сите три куќи да се спојат во една мегавила.

Абрамович имотот ѝ го препишал на поранешната сопруга Даша Жукови, недвижност од 80 милиони евра, кога претходно беше склучен разводот во Њујорк. Имотот се наоѓа во Њујорк, а во тек се градежни интервенции, па затоа Даша не може да се пресели во новиот дом.

Абрамович на Даша ѝ ги предаде и четвртиот кат од зградата, кој вреди 8 милиони евра, и стан што се наоѓа на првиот кат од зградата што е оддалечена неколку блока.

За реновирањето и уредувањето на идниот дом, Даша ангажира швајцарска компанија, а има намера да изгради и базен.

Во моментот Даша живее неколку улици подалеку од идната нејзина вила заедно со синот Арон Александер и ќерката Леа, која ја добила со Абрамович.

 

 

Scroll to Top