Легендарниот фудбалер Роналдињо и неговиот брат Роберто, ќе останат во притвор во Парагвај сè додека не им биде закажано судењето оти во земјата влегле со лажни пасоши. Датумот за судење, според адвокатите на Роналдињо, може да го добијат и за шест месеци од сега.
Роналдињо и неговиот брат Роберто беа уапсени во средата во Парагвај, а откако беа испрашани, полицијата сфатила дека биле измамени, па ги пушти да се бранат од слобода. Но, кога тие вчера сакале да излезат од земјата и да се вратат во Бразил, полицијата повторно ги уапси и тие ќе останат во притвор на неопределено време.
Инаку, Роналдињо нема ни бразилски пасош, откако му беше одземен затоа што не платил казна од 8,5 милиони евра. Казната е затоа што изградил нелегален рибник на езеро со што прекршил неколку еколошки закони.