Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, се вклучи во хуманата акција за лекување на едногодишната Софија Маркуљевиќ од Белград. Таа боледува од ретка болест на спинална мускулна атрофија. На Софија за лекување во САД ѝ се потребни 2,1 милиони долари и семејството има 10 месеци да ги собере средствата.
Португалскиот фудбалер го донираше дресот што го носеше на мечот на Јувентус против Милан. Дресот е ставен на аукција и целиот приход ќе оди во фондот за помош.
Роналдо заедно со другите фудбалери на Јувентус ги почна тренинзите. Тој се подготвува за крајот на сезоната чие продолжение е закажано за 20 јуни.