Роналдо го одби традиционалниот десерт на Дубровник

Светски познатиот фудбалер деновиве престојуваше во Дубровник каде што избра три ресторани и ги проба нивните најдобри специјалитети.

Тој беше во ресторанот „Лопуд“ во Дубровник, во ресторанот 360 и во Вила Шехерезада, каде што отседнаа со Џорџина. Едно ноќевање таму чини 7000 евра. Ниту еден ресторан не сакаше ништо да коментира поради договорот за доверливост. Но, според нивните главни јадења и најдобрите специјалитети, Кристијано Роналдо во последните три дена најмногу уживаше во морска храна. Од ковач и зубатац со шафран до јастог, ризото со шкампи и ракчиња.

Во рестораните во Дубровник тој го одби десертот. Му беше понудена традиционалната дубровачка рожата, но зардаи тоа што внимава на калориите, фудбалерот го одби десертот.

Scroll to Top