Роналдо и Георгина објавија дека чекаат близнаци, ќе бидат родители на шест деца

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и Георгина Родригез објавија дека чекаат близнаци. Тие ќе бидат родители на шест деца откако во 2017 година ја добија ќерката Алана Мартина, а заедно се грижат и за трите деца што Роналдо ги има од сурогат-мајка – Кристијано Јуниор и близнаците Ева и Матео.

Веста дека ќе станат родители Кристијано и Георгина ја објавија на „Инстаграм“ неколку недели откако светските медиуми почнаа да пишуваат дека манекенката е бремена.

„Нашите срца се полни со љубов. Едвај чекаме да ве запознаеме“, стои во нивната објава на која се гледаат снимки од ултразвук.

Георгина и Кристијано се запознаа во 2016 година. Во тоа време Роналдо веќе го имаше синот Кристијано Јуниор. Светските медиуми со години пишуваат дека фудбалерот и манекенката се свршиле, се пишуваше и дека се венчале тајно, но тие не ја потврдија веста.

Scroll to Top