Роналдо и Георгина се венчале тајно, тврди италијански магазин

Кристијано Роналдо тајно се венчал со Георгина Родригез во Мароко, тврдат италијанските медиуми. Магазинот Novella 2000 пишува дека еден од најдобрите фудбалери во историјата се венчал уште во мај годинава, а дека организатор на свеченоста бил познатиот кикбоксер Бадр Хари, кој е голем пријател на фудбалерот на Јувентус.

„Сфатив дека тие се веќе  венчани кога на 29 август Кристијано во родната Мадеира направи договор со адвокатите за да ја заштити Георгина во случај да му се случи нешто“, изјавил близок пријател на Роналдо.

Двојката засега не ги потврди, ниту ги демантираше пишувањата на магазинот. Неколку месеци претходно Роналдо изјави дека сака да се ожени со Георгина, но дека во тој момент не размислува за свадба.

Scroll to Top