Статуата на Кристијано Роналдо што е поставена на аеродромот во Мадеира, родното место на фудбалерот, ќе биде заменета со нова, која овој пат ќе наликува на фудбалерот. Фудбалските фанови од целиот свет со месеци се шегуваа на сметка на изгледот на статуата која ја изработи Емануел Сантош.
Новата статуа е изработена од Хосе Антиони Наваро Артеага, а моментално се наоѓа во музејот на Реал Мадрид.