Кристијано Роналдо е осуден на 23 месеци затворска казна, по направената спогодба на неговите адвокати со шпанското обвинителство во врска со скандалот за даночно затајување.
Покрај казната затвор Роналдо ќе треба да плати и парична казна од 18,8 милиони евра. Португалецот беше вмешан во аферата со даночното затајување која ја потресе цела Шпанија.
Сепак правници упатени во целиот овој случај велат дека ненасилниот престап на Роналдо значи дека тој најверојатно нема да помине време во затвор и казната сосема веројатно ќе биде условна.
Кристијано, кој во моментов е играч на Јувентус и играше минатата вечер за клубот од Италија, пристигна во судницата насмеан, држејќи се за рака со сопругата Георгина очигледно во добро расположение.