Роналдо првпат на вечера со Мајкл Џордан – Испишавме историја

Фудбалската ѕвезда Кристиано Роналдо се пофали дека бил на вечера со кошаркарската легенда Мајкл Џордан. Двајцата спортисти вчера се сретнаа првпат во Франција. Фудбалерот не ја криеше радоста, па сликата од дружењето со Џордан ја сподели на „Инсатаграм“. Тој претходно неколкупати изјавил дека поранешниот кошаркар на „Чикаго булс“ му е меѓу омилените спортисти.

„Испишавме историја“, напиша Роналдо на сликата која има преку 5 милиони лајкови.

Фудбалерот веќе неколку дена е на Азурниот брег со семејството, откако претходно летуваше во Грција. На краток одмор во Франција е и поранешниот кошаркар. Нивната средба, според француските медиуми, ја договорил менаџерот на Роналдо.

Scroll to Top