Роналдо сопственик на најскапиот автомобил на светот

Брендот Бугати го претстави La Voiture Noire, новиот модел кој ќе произведе само еден автомобил и кој веќе има сопственик. Станува збор за Роналдо, кој ќе биде сопственик на овој нов модел луксузен автомобил од францускиот бренд Бугати.

La Voiture Noire беше претставен во март на Саемот за автомобили во Женева, и тоа на одбележувањето 110- годишнина на Бугати. Се работи за најскапиот автомобил на светот.

Португалецот веќе поседува повеќе скапоцени автомобили, но овој модел, вреден 11 милиони евра, секако добро ќе прилега во неговата гаража, пишуваат светските медиуми. Овој спортски автомобил има две седишта и извонреден мотор кој може да достигне 420 километри на час.

Scroll to Top