Рони Вуд од „Ролинг стоунс“ вторпат го победи ракот

Гитаристот на „Ролинг стоунс“, Рони Вуд (73), вторпат го победи ракот. Тој во интервју за магазинот „Сан“ откри дека болеста му се вратила неодамна и дека се лекувал во текот на локдаунот во Велика Британија.

„Имав рак на белите дробови во 2017 година, а неодамна ми се појавија помали карциномни клетки со кои се борев во последниот локдаун. За време на закрепнувањето, едноставно се препуштив. Она што мора да биде, ќе биде, не можам да направам ништо во врска со тоа. Единственото што можам да направам е да останам позитивен, силен и да се борам, а сè останато е во рацете на некоја виша сила“, рече Рони во интервјуто.

Тој потврди дека сега се чувствува добро и дека се опоравил од болеста.

Музичарот додаде и дека за време на лекувањето бил дома со неговата сопруга, театарскиот продуцент Сали и неговите четиригодишни близначки, Грејси Џејн и Алис Роуз.

„Тие ми биле голема поддршка во тешките моменти“, вели тој.

Scroll to Top