Руската дива Ана Нетребко веќе нема да пее во операта Метрополитен оти одби да ја повлече поддршката за Путин

Рускиот сопран Ана Нетребко нема да пее во операта Метрополитен во Њујорк ни оваа ни следната сезона, бидејќи одби да ја повлече својата поддршка за рускиот претседател Владимир Путин. Метрополитен го прекина ангажманот на Нетребко откако од операта кажаа дека поради руската инвазија на Украина нема да ангажираат уметници кои го поддржуваат Путин. Иако Нетребко објави соопштенија со кои ја критикуваше војната, таа не го осуди за Путин, но претходно јавно го поддржуваше неговиот реизбор за претседател.

Изминативе 20 години Нетребко одигра над 200 претстави во Мет и е една од најголемите светски оперски ѕвезди. Во текот на годините го поддржуваше Путин, а во 2014 се фотографираше со знамето на руските сепратисти во Украина. По актуелните критики, таа се повлече и од миланска Скала и од Оперите во Хамбург и Цирих.

„Ова е голема загуба за операта. Ана е една од најголемите пејачки во историјата на Мет, но сè додека Путин убива недолжни жртви во Украина, нема начин да се оди напред“, рече генералниот менаџер на Питер Гелб.

Нејзиното заминување од најголемата уметничка институција на САД е среде негативните критики за руските уметници кои имаат врски со Путин. Неделава, Минхенската филхармонија го отпушти од местото шеф диригент рускиот маестро Валериј Гергиев поради неговите долготрајни врски со Путин, откако тој одби да ја осуди инвазијата на Украина. Гергиев јавно го поддржваше Путин во земјата и во странство.

Scroll to Top