Членот на жирито и продуцент на емисијата „Јас имам талент“, Сајмон Кауел (58), ѝ донирал околу 29 000 евра на организацијата Humane Society International за да ѝ помогне да ослободи повеќе од 200 кучиња што се одгледуваат како храна за луѓе.
Сајмон претходно ја критикуваше Јужна Кореја поради користење кучешко месо во исхраната, а сега донирал дел од своето богатство, кое е проценето на неколку милиони евра, за да ги спаси животните.
„Тоа е како да го јадете својот пријател. Факт е дека јадете багородно, беспомошно, слатко животно“, изјавил Сајмон во емисијата Good Morning Britain.
Јадењето кучешко месо во Јужна Кореја се намалува, истакнуваат активистите, но во светот постојат илјадници фарми во кои се одгледуваат преку 2,5 милиони кучиња годишно. Животните се затворени во мали кафези, а ги убиваат со електрична струја или го бесат.
На почетокот на годината Сајмон ѝ честитал на организацијата што спасила 170 кучиња од фарма во Јужна Кореја, а од нив 13 се донесени во Велика Британија за да почнат нов живот.