Најпознатиот музички судија Сајмон Кауел ја побара за жена својата девојка Лорен Силверман, со која е во врска повеќе години. Според извор близок до парот, тој ја побарал за жена за време на семејниот одмор на Барбадос, пренесуваат странските медиуми.
„Беше баш слатко. Убаво им е заедно“, изјави изворот.
Лорен и Сајмон се запознаа во 2004 година додека таа беше во брак со близок пријател на Сајмон. По разводот во 2013, истата година таа објави дека е во врска со Сајмон. Тој подоцна призна дека Лорен го изневерувала сопругот со него.
„Аферата не е нешто на што се гордеам, ниту имав намера кого било да повредам. Тоа едноставно се случи“, изјави Сајмон пред неколку години.