„Сакаа да ме убијат оти сум лезбејка“, откри Елен Диџенерис

Една од најпознатите комичарки и телевизиски водителки, Елен Диџенерис, неодамна откри дека кога во 1997 година признала дека е лезбејка, во нејзиното студио некој поставил бомба за да ја убие.

„Сакаа да ме убијат. Ми се закануваа со бомба која ја поставиле во нашето студио. За среќа, не го дознаа точното време на снимањето на емисијата и никој не беше повреден, бомбата ја најдоа на време“, рекла Елен.

По ова нејзината тогашна серија беше откажана, бидејќи спонзорите не сакале повеќе да соработуваат со неа. Но, таа вели дека во ниеден момент не зажалила што јавно признала како се чувствува.

„Не жалам за ништо. Но, ни денес не ја сфаќам омразата со која се соочив пред 20 години“, додала Елен, но ништо од тоа не ја натера да се пожали поради својата одлука да излезе од зад завесите на тој начин и во тоа време.

Елен денес е во брак со актерката Порша Де Роси. Двојката се венча во 2008 година, по четиригодишна врска. Тие се венчаа во Калифорнија, веднаш откако беше одобрен законот за истополови бракови.

Scroll to Top