Сакајќи да ја импресионира Меган Фокс, Кели си ја пресекол раката со нож

Музичарот Машин Ган Кели, сакајќи да ја импресионира неговата девојка, глумицата Меган Фокс, несакајќи си ја пресекол раката. Тој во шоуто на Џими Фалон откри дека сакал да ѝ го покаже новиот нож, но, по незгодата морал да оди на шиење.

„Травис Баркер ми го подари ножот на кој ги имаше гравирано стиховите од мојот нов албум. Па кога сакав да ѝ го покажам на Меган, го фрлив во воздух. Кога требаше да го фатам си ја пресеков раката“, рече Кели.

Тоа било почетоците кога почнал да излегува со Меган, па тој рече дека морал да почека да си отиде за да побара лекарска помош и да оди на шиење.

Scroll to Top