Самарџиќ во поддршка на геј двојките да посвојуваат деца

Во рубриката „Без влакна на јазикот“, од дневниот весник „Ало“, која се занимава со темите за правата на геј паровите, говорел и Жељко Самарџиќ. На прашањето дали на геј паровите треба да им се дозволи да посвојуваат деца, пејачот изјавил:

„Колку бракови меѓу мажи и жени имз од кои излегуваат несреќни деца? Од друга страна, постојат толку бракови меѓу двајца мажи, кои посвоиле деца и за нив се грижат најдобро на светот. Ги сакаат, внимаваат на нив, се грижат за нив во секој момент“, изјавил Самарџиќ и додал:

„Немаме право да покажуваме со прст на оние кои и тоа како докажале дека можат да бидат подобри родители од нас“, навел Жељко.

Тој зборувал и за абортусот.

„Абортусот е работа на лична одлука. Не можеме да ги браниме жените да абортираат. Кој сме ние да одлучуваме под кои околности женското суштество ќе се одлучи на таков чекор. На крајот на краиштата, подобро е детето и да не се роди, отколку да биде непосакувани и несреќно“, изјавил Самарџиќ,

 

 

Scroll to Top