Холивудската ѕвезда Сандра Булок вели дека нејзината ќерка Лајла еден ден ќе биде претседател на Америка.
„Ова не е моја желба, туку факт“, рекла Булок во интервју за магазинот „Пипл“.
Таа во интервјуто зборувала за родителството и за своите деца.
„Ги сакам затоа што се такви какви што се. Секој ден можам да видам кои се тие. Јас сум среќа жена затоа што можам да бидам постојано околу нив и да ги гледам како растат. Не можам да бидам погорда на тоа што ќе бидат кога ќе пораснат,“, рекла таа.
Освен Лајла, која има девет години, Сандра го има и 10-годишниот син Луис. Двете деца ги посвои.
„Јас сум само мајка. Кога ме нема, им недостигам. Кога сум таму, им здосадувам, и токму така треба да биде“, вели Булок.
На прашањето дали ја сметаат за кул мајка, таа вели: „Не, воопшто. Не, освен ако не донесам дома некакво задоволство. Синоќа дојдов дома со крофни. Бев неверојатно кул во тој момент!“
Инаку, Лајла лани се појави со нејзината мајка во една епизода од серијалот Red Table Talk. Таа беше специјална гостинка во интервјуто на Булок, а зборуваа за медицинските сестри.