Холивудската актерка Сандра Булок неодамна купила три вили во Малибу и во Беверли Хилс, Калифорнија, за 16,5 милиони долари, пренесуваат американските медиуми. Едната од недвижнините се наоѓа на рид, додека другите две се во првиот ред до океанот.
Сандра купила луксузна куќа во престижниот дел на Малибу за 8,5 милиони долари, каде има чувар 24 часа дневно, а прва сосетка ѝ е актерката Хали Бери. Куќата на плажа се простира на 343 квадратни метри, има четири спални соби и четири бањи. Дневната соба е отворена и светла, пространа и со поглед на океанот.
Булок потоа купи уште една куќа во Малибу за 5,3 милиони долари, исто така со поглед на океан, која е само на неколку метри од првата куќа. Таа се простира на 120 квадратни метри и има две спални соби, дневна соба и две бањи.
Третиот имот што го купила актерката е бунгалов на планината над Беверли Хилс за 2,7 милиони долари. Изграден е 1946 година и неодамна реновиран. Се простира на 260 квадратни метри и има три спални соби и три бањи. Дневната соба е пространа со висок таван, во куќата има и библиотека, а во дворот базен со водопад.
Познатата холивудска ѕвезда сега поседува 17 недвижнини во САД, вклучувајќи ја и вилата во Тексас со поглед на езеро, како и куќи во Њујорк и Њу Орлеанс.