Сандра Булок се расплака додека држеше говор на сцената на 25. доделување на ElleAnnual Women наградите. Таа пред да ја прими наградата од колешката Сара Полсон одржа говор во кој го спомена својот починат татко.
„Сакав да напишам некој убав говор за сите работи што ги сакам кај Сара Полсон. Сара Катрин Полсон, онаа која сака да го користи своето средно име, или Повелсон, како што се вика мојот петгодишен син“, духовито почна да зборува Сандра.
„Но, ова беше тешка недела за мене. Мојот татко почина. Исто така починаа и двете мои кучиња. Вклучете го телевизорот или компјутерот и ќе видите бесконечни трагедии. Се чини дека сега ги има повеќе од кога било претходно. Ако имаш вагина, мораш да бидеш и борец. Така што не се чувствувам многу убаво. Одлучив вечерва да зборувам за работите што не ги сакам кај Сара“, продолжи Сандра.
Актерката новиот филм Ocean’s 8 го промовираше пред смртта на нејзиниот татко Џон Булок, кој почина на 18 септември на 93-годишна возраст. Сандра во споменатото остварување играше токму со Полсон, кој ја нарече „брилијатна актерка“.
Булок во својот говор ги спомена и работите кои жената може да ги направи за себе и да одржува добри односи со пријателите. Сандра има две деца и со нив и сосвоето момче го минува секој слободен ден, далеку од очите на јавноста.