Сандра Булок откри дека привремено ќе се повлече од актерската кариера: „Ќе се вратам, но не знам кога“

By

Холовудската актерка Сандра Булок блесна на премиерата на нејзиниот нов филм, романтичната авантура „Изгубениот град“, а по прикажувањето на филмот, сосема неочекувано, изјави дека кариерата ја ставила во мирување во следните неколку години и дека целосно е посветена на децата.

dobivaj vesti na viber

Таа откри дека сега се фокусира на воспитувањето на своите деца и дека некое време нема да се појавува на ТВ екраните. Судејќи според изјавата што ја даде, Булок не планира да снима во следните неколку години.

Еден член на публиката ја спомна нејзината улога како продуцент во ситкомот на Џорџ Лопез и праша дали планира да работи покреативна работа.

„Сакам приказни кои ја покажуваат несовршеноста на љубовта во семејството и заедницата. Би сакала да продолжам да го правам тоа кога ќе завршам да бидам мајка. Ќе се вратам на тоа, но не знам кога. Веројатно кога ќе бидат тинејџери, на солидна возраст од 16 или 17 години“, изјави Булок. Таа го повтори ова кога друг член од публиката ги праша актерите и режисерите за нивните претстојни проекти. Инаку, синот на актерката Луис има 11, а ќерката Лајла 8 години.

Булок пристигна на премиерата во Остин, Тексас, градот каде што најде дом по снимањето на „Девојката на задача“, заедно со колегата од филмот, Даниел Редклиф и режисерите Адам и Арон Ни.

По тригодишна пауза, ова е нејзина втора премиера, а во „Изгубениот град“ Булок игра вдовица, писателка на љубовни романи, чија последна турнеја на која ја презентираше својата нова книга беше засенета од манекенот кој ги краси нејзините корици, кого го игра Ченинг. Тејтум. Нејизните книжевни заплети се засноваат на факти за античката култура и нудат веродостојни индиции за локација каде има непроценливото богатство, а раздразлив милијардер (Редклиф) ја киднапира Булок за да дојде до него.

Споредната улога во филмот ја толкува Бред Пит, кој глуми храбар поранешен поморски специјалец кој му помага на Тејтум во неговите напори да ја врати Булок од оддалечениот остров каде што е закопано античко богатство и каде што ја однел милијардерот.

„Тој беше нашиот осми избор“, се пошегува Булок на сметка на Бред Пит, објаснувајќи попатно како дошло до неговиот ангажман. „Тој и јас имаме ист фризерка. Таа му рече да учествува во мојот филм, а јас да работам на неговиот. Не се шегувам, ака се случи“, мислејќи на акциониот „Bullet Train“, со Пит во главната улога, чија премира ќе се одржи летово.

 

Ќе ви се допадне